Search

Еспер: Трамп нареди да му се врати чинот на обвинет маринец

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денеска дека претседателот Доналд Трамп директно му наредил да му дозволи на маринец обвинет за воени злосторства во Ирак да се пензионира без да го изгуби статусот  „Фока”. Еспер во изјава во Пентагон нагласи дека тоа е причината што тој синоќа објави дека офицерот на морнарицата Едвард Галагер ќе може да се пензионира со тој чин.

Галагер (40) беше ослободен од обвинението за убиство на затвореник на ИД, но беше осуден од воена порота за позирање покрај неговото тело додека бил во Ирак во 2017 година.

Нему му беше одземен чинот, што Трамп му го врати овој месец.

Еспер го отпушти вчера секретарот на морнарицата Ричард Спенсер, кој, наводно, работел зад грб на „афера” со Белата куќа за решавање на случајот со припадникот на американските „Фоки”, кого го поддржал американскиот претседател Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави