Search

Салах, Марез и Обамејанг најсериозни кандидати за титулата играч на годината во Африка

Конфедерацијата на африканскиот фудбал објави список на кандидати за титулата на играчот на годината. Во него се вклучени триесетина играчи,  меѓу кои и победниците од последните четири години: Пјер-Емерик Обамејанг (2015), Ријад Марез (2016) и Мохамед Салах (2017 и 2018).

Победникот ќе биде објавен на церемонијата во Ургад (Египет) на 7 јануари 2020 година.

Покрај играчот на годината, ќе бидат прогласени и фудбалерка на годината, фудбалер на годината кој игра во африкански клуб, млад фудбалер на годината, тренери на годината за мажи и жени, како и машки и женски национални тимови.

Треба да знаете
Последни објави