Search

Мираковски: Ќе има промени во тимот на Работнички

Работнички се посрамоти во вечното кошаракрско дерби со градскиот ривал МЗТ Скопје (68:98) во рамките од 7. коло во прволигашката конкуренција. Поразот од 25 поени разлика ќе остане во лошо сеќавање за тренерот на тимот од Градскиот парк, Димитар Мираковски кој за првпат ја предовдеше екипата во градското дерби.

-Сензационалниот пораз од дебитантот Академија ФМП не боли колку и вечерашниот неуспех против лутиот ривал. Факт е дека формата и квалитетот се на страна на МЗТ Скопје, но не можам да го простам незалагањето кај моите кошаркари. Сме имале и три пати послаба екипа од ривалот, па сме го победувале. Можно е да има промени и некои дополнителни засилувања, ќе одлучиме од утре што ќе правиме, изјави Мираковски.

На трансфер пазарот како слободен играч Работнички го има Марко Симоновски, кој пред неколку дена го раскина договорот токму со актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Треба да знаете
Последни објави