(Видео) Силно невреме ја зафати Грција: Халкидики и Тасос поплавени

Силно невреме го погоди северниот дел од Грција, со обилни дождови и грмотевици, пренесоа грчките медиуми. Најтешко се погодени островот Тасос и Халкидики, јави „Катимерини“.

На шест острови прогласена е вонредна состојба.

Во местото Панагија на Тасос, бурата носела автомобили. Критично е и на местото Лименарија на овој остров. Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта, па сообраќајот е блокиран во дел од погодените подрачја.

Треба да знаете
Последни објави