Search

Ципрас го обвини Мицотакис дека ја фаворизира елитата

Лидерот на главната опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас, го обвини денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис дека ги фаворизира „паразитската олигархија и бизнис-елитата“.

Говорејќи во парламентот, Ципрас рече дека е безобразно да се разговара за закон и ред кон немоќните, а истовремено да се кршат законот и редот поради големите и моќни хулигани во костум и вратоврски кои го ограбуваат јавниот сектор и живеат во странство на сметка на жртвите, пренесе агенцијата АНА.

Тој исто така рече дека тоа се причините за банкротирање, што, како што оцени, за жал се враќаат.

Треба да знаете
Последни објави