Search

Вучиќ: Не сум сигурен дека ЕУ знае што да прави со нас, мал Шенген е нешто најдобро што се има случено на Балканот

Не е спорно дека сите чекаме да станеме членки на ЕУ, но ако ме прашате дали сум сигурен што знаат во Брисел што да прават самите со себе, а што со нас, не сум сигурен дека знаат што со нас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Белград.

Објаснувајќи зошто треба да се тера со регионалната иницијатива наречена „Мал Шенген”, Вучиќ зборуваше за средбата со премиерите Зоран заев и Еди Рама во Нови Сад. Според него, мини Шенгенот е нешто најдобро што се има случено на Балканот.

-Тоа е нешто најдобро што се има случено во последните 30 години. Она за кое земјите не можеа да се договорат толку долго време, ние седнавме и се договоривме за 1 час. Седнавме, и рековме: вие Србите знаете за ова, вие Македонците за она, и се согласивме. Во Нови Сад Еди знаеше дека сум во право, а Зоран ме гледаше чудно кога му реков дека ЕУ нема да отворат преговори. Тоа можеше да се види. Сега бараат начин како да го отворат тоа. Добро, ќе отворат преговори, ќе ги израдувате граѓаните 15 дена ќе викате ги отворија преговорите, а што после. Затоа сум среќен што може да се пофалиме со економски раст. Затоа треба да работиме, да се договориме како ќе биде во иднина. Да бидеме што поуспешни. Да се поврзуваме, да се почитуваме. Си играат со нас како со марионети. Тоа време сакам да заврши и затоа сум горд на оваа иницијатива. Ќе покажеме дека не сме веќе малолетни, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави