Search

Џошуа ќе заработи рекордни 85 милиони долари од реваншот со Руиз

Лавовскиот дел од реваншот на Енди Руиз Џуниор – Ентони Џошуа ќе го собере Британецот. Објавени се официјалните надоместоци за двајцата боксери – Еј Џеј собира 85 милиони долари, додека Мексиканецот 13 милиони.

Сега е јасно зошто „дебелото момче”, како што самиот тој се нарекува, толку долго се обидуваше да го наруши договорот за реваншот.

Еди Херн и неговиот „Мечрум боксинг” ќе ги зголемат своите банкарски сметки за 20 милиони долари.

Така, Светскиот шампион на ВБO, ВБA, ИБФ и ИБО ќе заземе 6,5 пати помалку од својот претендент.

Заработените пари на Џошуа се рекорд за него. Сите овие бројки се очекува да се зголемат откако ќе бидат пресметани парите на „ППВ” (платените гледања).

Во почетокот на летото, британската машина изненадувачки ги загуби ремените против еден кандидат, кој беше претежно познат по неговата љубов кон чоколадите. Сега, на полноќ меѓу 7-8 декември во Саудиска Арабија, Ентони ќе се обиде да се реваншира за нанесениот срам.

Треба да знаете
Последни објави