Search

Општина Бутел, отпочна со реконструкција на повеќе улици во н.м Љуботенски пат. 

Општина Бутел, отпочна со реконструкција на повеќе улици во н.м Љуботенски пат. Во завршна фаза е целосната  реконтрукцијата на  крак од улица 30 во Љуботенски пат,каде што е поставен  асфалт во површина од од 850м2 со подигање и нивелирање на шахти.На крак 2 од улица 30 поставен е асфалт со површина од 250м2 и на последна 8-ца наскоро отпочнува реконструкција на патот со тампонирање, асвалтирање и поставување на атмосферска решетка. Проширувањето на патот ќе биде во  ширина од  четири  метри и должина од сто  метри.
Во наредниот период следат повеќе активности предвидени за ова населено место како реконструкции на поголем број на улици и санирање на спортското игралиште  во ова населено место.
Треба да знаете
Последни објави