Search

Алијанса за Албанците: Застарените дела не треба да служат како можност за одбегнување на одговорноста

Неодговорноста, лагите и манипулациите се идентификациони зборови на ДУИ кои сè повеќе ги придружуваат високи партиски функционери на оваа партија, велат од Алијансата за Албанците, коментирајќи дека ова било докажано уште еднаш со тоа што осомничениот за случајот „Титаник III“, пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, одбил да сведочи на суд.

„По 3 години, Ејуп Алими се сеќава дека не треба да биде повикан како осомничен, туку како сведок. Ова само докажува дека Ејуп Алим дошол до оваа идеја како начин за избегнување на одговорноста и одолговлекување на случајот. Ние како АА бараме од судските органи да реагираат и да не дозволат овој случај, или пак било кој друг случај во кој се гонат поранешни државни функционери да застари, како што беше случајот со предметот „Траекторија“ од кој се спаси поранешниот премиер Никола Груевски“, нагласува партијата.

Алијанса за Албанците смета дека застареноста е многу важен правен институт што спречува гонење, како и извршување на кривични санкции по одреден временски период, затоа треба да се спречи неговата употреба како можност за избегнување од одговорност.

„Затоа, јавно го прашуваме Ејуп Алим, зошто тој порано не се сети дека беше повикан како осомничен а не сведок?! Избегнувањето на одговорноста може да ја спречат само судските органи, кои се должни да постапат по секој случај непристрасно и сериозно, спречувајќи ги неразумните одолговлекувања. Потсетуваме дека Ејуп Алими е обвинет за уништување изборен материјал во врска со локалните избори во 2013 година во општина Чаир, за кој случај според КЗ се предвидени најмалку 5 години затвор. Од оваа гледна точка сметаме дека случајот се одложува со единствена цел за купување време“, додаваат од партијата во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави