Search

Кина и Франција го поддржуваат Парискиот договор

Кина и Франција, во заедничка изјава, ја потврдија својата поддршка за Парискиот договор за климата, нагласувајќи дека тоа е неповратен процес.

Документот ја потврдува цврстата решеност на двете држави за зајакнување на меѓународната соработка во борбата против климатските промени.

Францускиот претседател Емануел Макрон е во Кина, каде учествуваше на Меѓународниот саем на EXPO во Шангај. Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги извести ОН оваа недела за повлекување на САД од Парискиот договор, одлука што ја донесе во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави