Search

Во Скопје 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престигнување, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 85 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле отстранети 68 возила.

Треба да знаете
Последни објави