Search

Претседателот на ФФМ стана член на Комисија во УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, стана нов член на Комисијата на национални асоцијации на УЕФА.

Оваа комисија е тело кое одлучува за важни прашања поврзани со европскиот фудбал и ги регулира односите меѓу асоцијациите членки на УЕФА со европската куќа на фудбалот.

Од ФФМ велат дека вклучувањето на Сејдини во едно од важните тела на УЕФА е потврда за значајната улога која федерацијата ја има во меѓународните односи, и ќе претставува зајакнување на соработката со останатите фудбалски асоцијации.

Претседател на Комисијата на Национални асоцијации е Сервет Јардимчи, актуелниот предводник на турската фудбалска асоцијација, а во Комисијата се вклучени вкупно 15 членови.

Треба да знаете
Последни објави