Search

Прегазен жител на Дабиле, го усмртило момче со„пунто“

Утрово во 00:02 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила тешка сообраќајна незгода.

Во сообрќајната несреќа автомобил „фиат пунто”, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(23) од село Секирник удрило во пешакот В.В (59) од Дабиле. Од здобиените повреди пешакот починал на самото место.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Треба да знаете
Последни објави