Search

Мијалков да биде ослободен од „Случајот Титаник 2“

Обвинението за „Титаник 2“, кое се однесува на договорено гласање во ДИК за приговор за локалните избори во Струмица во 2013, е недокажано и пресудата од Основниот кривичен суд не се темели на докази, туку на еден куп претпоставки. Ова го тврдеа адвокатите на Сашо Мијалков, но и на останатите обвинети во „Титаник 2“, кои денеска пред Апелацискиот суд Скопје ја обжалуваа првостепената пресуда, пишува „Плус инфо“

– Ако ја погледнете жалбата, во неа се бара судот да ја преиначи и да донесе ослободителна пресуда. Тоа е така затоа што сме убедени дека има доволно елементи судот со чиста совест да донесе ослободителна пресуда. Останува единствено од педагошки причини судот да ја укине пресудата за Кривичниот суд да се научи да носи пресуда врз основа докази – порача адвокатот на Мијалков, Миле Петровски, пред советот во Апелација.

Мијалков во случајот е осуден на три годни затвор, но пресудата не е правосилна додека за неа не се произнесе и второстепениот суд. Адвокатот Петровски ја побиваше пресудата тврдејќи дека Мијалков е прогласен за виновен единствено врз основа на пет-шест неовластено прибавени разговори од кои тој е учесник во два.

Другиот адвокат на Мијалков, Дончо Наков, посочи дека е фрапантно да се дозволи воопшто да постои ваква пресуда во правосудниот систем, пресуда која е целосно препишана од обвинението. Тој оспоруваше детали од пресудата побивајќи го кривичното дело за кое е осуден ексшефот на УБК – примање награда за противзаконито влијание. Влијанието во случајот, објаснуваше Наков, е лоцирано врз Мендух Тачи, но има контрадикторност дали тој е службено или одговорно лице.

Треба да знаете
Последни објави