Search

Демонстрантите во Хонг Конг упаднаа во зградата на агенцијата „Синхуа”

Антивладини демонстранти денеска ги нападнаа канцелариите на  официјалната кинеска новинска агенција Синхуа за првпат откако избувна хаос во центарот на градот, при што полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.

Цел на демонстрантите за првпат во месеци протести беше зградата на кинеската новинска агенција Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите кршеа врати и прозорци.

Тие запалија оган и на ѕидот напишаа графит „Депортирајте ги кинеските комунисти”.

Локалните медиуми објавија снимки од пожар во редакцијата на Синхуа во Хонг Конг, графити на sидовите и искршени прозорци. Не е познато дали имало луѓе во зградата.

Цел на демонстрантоте беа и кинески банки и бизнис објекти.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше на повеќе локации во Хонг Конг

Треба да знаете
Последни објави