Search

Катица Јанева од „Шутка“ побарала апанажа

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која сè уште е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“, побарала апанажа, соопшти првиот човек на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски. Јанева своето барање го доставила преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Станува збор за едногодишна исплата што им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат. Инаку, во Комисијата штотуку започна седница на која треба да бидат избрани раководителите на Државниот завод за ревизија.

 

Треба да знаете
Последни објави