Search

Гутереш: ОН ќе го разгледа планот на Ердоган за сириските бегалци

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш во Истанбул изјави дека светската организација ќе го разгледа планот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за распоредување на сириските бегалци.

Ердоган денеска му го презентираше својот план на Гутереш, кој е во посета на Турција.

Турција сака да воспостави безбедносна зона во североисточниот дел на Сирија, големо подрачје што е под нејзина контрола по офанзивата против курдските сили. Турските власти сакаат во безбедносната зона да префрлат 3,6 милиони бегалци, кои најдоа засолниште во Турција од 2011 година кога почна граѓанската војна во Сирија.

Гутереш инсистира на почитување на „основните принципи на доброволно, безбедно и достоинствено враќање на бегалците” во земјите од каде потекнуваат. Тој додаде дека екипа на ОН ќе биде испратена на терен да ја согледа ситуацијата со бегалците.

Треба да знаете
Последни објави