Search

Колони возила на Богородица, за излез се чека еден час

За излез од Македонија на граничниот премин Богородица се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција информираат од АМСМ. Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Денеска во земјава е неработен ден за сите граѓани. Го одбележуваме 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот, а потоа следат Велики Петок кој е неработен ден како и Велигден.

Треба да знаете
Последни објави