Search

Поставен „лежечки полицаец” пред ООУ „Братство” во Тафталиџе

Пред основното училиште „Братство”, во населбата Тафталиџе 2, денеска е поставен нов „лежечки полицаец”, сé со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопштија од Општина Карпош.

Дополнително, информираа од Општината, за поголема безбедност на децата во сообраќајот, од оваа учебна година, задолжени лица го регулираат сообраќајот пред сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош.

– Наскоро следува поставување на вакви забавувачи на брзината при возење и пред ООУ „ Димо Хаџи Димов” во населбата Влае 2, пред ООУ „ Војдан Чернодрински” во урбаната заедница „ Владо Тасевски”, како и пред ООУ „ Христијан Тодоровски- Карпош ” во Карпош 1, најавија од Општината.

Треба да знаете
Последни објави