Search

Водата од два бунари во Горно Нерези небезбедна за пиење

Водата од два бунари во село Горно Нерези е небезбедна за пиење поради зголемен број на бактерии, соопшти Центарот за управување со кризи.

„Од Центарот за јавно здравје – Скопје известуваат дека водата за пиење од бушен бунар бр.1 и бушен бунар бр.2 во село Горно Нерези не одговараат за пиење заради зголемен број на аеробни бактерии“, стои во соопштението.

Исто така, од ЦЈЗ Скопје известуваат дека примерокот на вода за пиење земен од новиот бушен бунар од аеродромот „Апостол Павле“ Охрид со сирова нехлорирана вода не одговара на Правилникот за исправност на вода заради зголемена содржина на железо и манган. Поради тоа, се препорачува прочистување и хлорирање.

Треба да знаете
Последни објави