Search

Aкција на ЈП Водовод и Канализација за наплата на долговите на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници, граѓаните на град Скопје.

Во таа насока, ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите на рати без камата.

 

Управниот Одбор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје на 22та седница донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. Имено оваа можност е со определено времетраење, почнувајќи од 04.11.2019 заклучно со 29.11.2019. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

 

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.

 

 

Треба да знаете
Последни објави