Search

Протест на вработените во Охис, центарот на Скопје затворен за сообраќај

Поранешните вработени во ОХИС денеска пак ја блокираа улицата „Рекорд“ во центарот на Скопје.  Протестот тргнува од Работнички универзитет „Кочо Рацин“, продолжува пред Собрание, потоа пред Министерство за правда и на крај завршува пред Влада.

Тие секој вторник и петок ги потсетуваат властите дека треба да им се исплатат 24 плати и придонеси од плата за 16 месеци.

Според информациите, поранешните вработени имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година. Пред три дена поранешните вработени на „Охис“ добија ветување од Владата дека во петок, односно денеска ќе имаат средба.

Треба да знаете
Последни објави