Search

Општина Кисела Вода изгради ново мултифункционално детско игралиште во дворот на ООУ „Кузман Шапкарев” во Драчево.

Општина Кисела Вода изгради ново мултифункционално детско игралиште во дворот на ООУ „Кузман Шапкарев” во Драчево. Игралиштето кое се простира на површина од 350 квадратни метри покрај различните реквизити за забава на најмладите уредно е и со нова урбана опрема, повеќе клупи и корпи за отпадоци. Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски во Кисела Вода обновени се сите стари детски игралишта, а изградени се и неколку нови.

Локалната самоуправа продолжува да работи во насока да обезбедува простор за дружба и психомоторен развој на децата.

Треба да знаете
Последни објави