Се судрија „голф“ и „БМВ“, седуммина повредени

Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила околу 23 часот при судир на две возила „БМВ“ и „голф“.

-Во „голфот“ биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во скопските клиники, додека еден е задржан во тетовската болница. Во „БМВ“ имало три лица, а во сообраќајката тешко повреден е возачот кој исто така е однесен на скопските клиники. Едниот сопатник е задржан на лекување во тетовската клиничка болница, а другиот по укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.

Во текот на ноќта е извршен увид за да се открие што било причината за сообраќајката.

Треба да знаете
Последни објави