Search

Гол на Пандев во победата на Џенова и дебито на Мота на тренерската позиција

Џенова славеше победа од 3-1 против Бреша и тоа во дебито на клупата на Тијаго Мота.

Нашиот репрезентативец Горан Пандев го постигна третиот гол на натпреварот и ја запечати победата. Тој беше среќен што неговиот пријател и соиграч од времето во Интер дебитираше на клупата со победа.

„Ја сакавме оваа победа по секоја цена. Игравме плашливо во првиот дел, но во второто полувреме нашиот квалитет излезе на виделина. Тијаго Мота? Среќен сум што повторно сум со него по толку години. Како викам? Едноставно, тренеру“, изјави Пандев по натпреварот.

Тиаго Мота не само што дебитираше со победа на клупата на Џенова, туку направи нешто што на никој не му успеало претходно во Серија А.

Тиаго Мота стана првиот тренер во историјата на првата италијанска лига на кој сите тројца фудбалери што му влегле од клупата постигнале гол.

Никогаш досега не се случило сите тројца фудбалери кои влегле како резерви во текот на мечот да дадат гол во тој натпревар.

Агудело влезе на почетокот од вториот дел, Пандев во 58. минута, а Куаме во 65. минута. Тие тројца беа стрелци на головите со кои Џенова ја победи Бреша со 3-1.

Треба да знаете
Последни објави