Search

(Видео) Русинката обвинета за шпионажа пристигна во Москва : Среќна сум што се вратив дома

Русинката Марија Бутина, која во април беше осудена во САД под обвинение за шпионажа како руска агентка, денеска пристигна во Москва. Таа вчера беше ослободена од затворот во Флорида.

„Многу сум среќна што се вратив дома. Благодарен сум на сите кои ми дадоа поддршка, на руските граѓани кои ми помогнаа и ми пишуваа писма“, рече таа по пристигнувањето во Москва, каде беше пречекана од нејзиниот татко и руските новинари на аеродромот. Некои од нив и подарија цвеќе.

„Благодарам на Министерството за надворешни работи и на дипломатите кои се бореа за мене секој ден“, додаде таа.

Бутина беше уапсена во јули 2018 година и осудена на 18 месеци затвор. Таа беше обвинета за заговор со цел промовирање на руските интереси.Таа е единствената руска државјанка осудена во рамките на истрага за руско мешање во внатрешната политика на САД. Бутина имала врски со влијателното Национално здружение за оружје (НРА) и можела да стапи во контакт со Доналд Трамп и еден од неговите синови пред претседателските избори во САД.

Бутина (30) беше во затвор на Флорида и веднаш кога беше ослободена, беше предадена на миграциската полиција по што ќе биде протерана од САД и вратена во Русија.

Треба да знаете
Последни објави