Шеќеринска, додева дека и тие како власт не се задоволни од состојбата во правосудството, но за 2,5 години повеќе не постигнала ниту една држава. Таа додава дека е чудно таа да се нарекува транзициски политичар, а Мицкоски да има хидроцентрали.

Министерката за одбрана Шеќеринска вели и дека не верува во балансиран оптимизам и дека сме можеле да играме политички и да бираме или НАТО или ЕУ.  Таа додава дека ние сами сме направиле да бидеме интересни за НАТО, тоа треба сега да е лекција и за ЕУ. Шеќеринска вели дека ВМРО-ДПМНЕ лаже дека биле подготвени за брзи предвремени избори.

Вицепремиерката Шеќеринска вели за судството дека сите сме бесни на судството , се трудиме од петни жили да ги донесуваме законите од правосудството. Граѓаните не очекуваат политичка одговорност за ,,Рекет” , туку чекаат разврска , вели Шеќеринска во „Само интервју”

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само интервју” на Канал5 ТВ