Search

Русинката Марија Бутина ослободена од затвор во САД

Русинката Марија Бутина, која во САД е обвинета за обид за инфилтрирање во американските политички кругови, денеска излезе од затвор, соопшти федералната американска затворска служба.

Бутина, која треба веднаш да се врати во Русија, беше уапсена во јули 2018 година и осудена на 18 месеци затвор. Таа беше обвинета за заговор со цел промовирање на руските интереси.

Таа е единствената руска државјанка осудена во рамки на истрага за руско мешање во внатрешната политика на САД. Бутина имала врски со влијателното Национално здружение за оружје (НРА) и можела да стапи во контакт со Доналд Трамп и еден од неговите синови пред претседателските избори во САД.

Бутина (30) беше во затвор во Флорида и веднаш откако беше ослободена, беше предадена на миграциската полиција по што ќе биде протерана од САД и вратена во Русија.

Треба да знаете
Последни објави