Search

Реал најверојатно во јануари ќе го испрати Јовиќ во Баерн

Купувањето на талентираниот српски напаѓач Лука Јовиќ, се покажува како грешка на Реал Мадрид, тој нема дадено гол и не го дава очекуваниот придонес, а трпението кон него во клубот, наводно веќе почнало да попушта.

Во Реал размислуваат да го вратат Јовиќ во Бундеслигата, уште во јануари би го „трампале” во Баерн Минхен, а од таму би го ангажирале Роберт Левандовски или Серж Гнабри. Сепак, ова е само шпекулација, и не се знае што мислат од Баерн за ваквиот предлог.

Левандовски игра во неверојатна форма, дава голови на речиси секој меч, има 20 погодоци на 17 меча. Реал за Полјакот би понудил пари плус Герет Бејл или Јовиќ на кого очигледно не му „легна” преселбата во шпанскиот гигант и подобро се снаоѓа во Германија.

Треба да знаете
Последни објави