Search

Maричиќ: ВМРО-ДПМНЕ направи се за да истече законскиот рок и СЈО да биде у оваа ситуација

„Имавме многу мачни преговори околу Законот за СЈО, ВМРО-ДПМНЕ направи се за да истече законскиот рок и таа институција да биде во оваа ситуација, тоа е многу легитимно бидејќи половина или дел од нивната делегација беше директно засегната со случаите на СЈО, а другиот дел од делегацијата беа адвокати коишто ги застапуваат нивните луѓе во случаите од СЈО“, изјави техничкиот преговарач со ЕУ и претседател на комисијата за европски прашања на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на Телма ТВ.

Тој се осврна и на тоа дека неблагодарно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за недоволно дипломатски активности кога заради нив имаме неколкугодишен застој.

„Кога ја презедовме власта во 2017 година, ни требаа 6 месеци за да ја поправиме репутацијата на државата што ВМРО-ДПМНЕ ја наруши“, посочи Маричиќ и додаде дека СДСМ била на власт до 2006 година, а тогаш Северна Македонија била во група со Хрватска.

„Кандидатски статус добивме во 2005 година и потоа патот застана. Имавме речиси 11 години застој заради ВМРО-ДПМНЕ, еве нека е од 2009 година, значи 7 -8 години застој во коишто не престигнаа и Хрватска и Србија и Црна Гора, затоа сме денеска во групата со Албанија, нагласи Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави