Search

Обвинителката се повлече од предметот за смртта на Тамара

Јавната обвинителка која го застапуваше обвинението против лекари и екс директори на Фондот за смртта на малата Тамара денеска го информираше Судот дека се иззема од предметот, а денешното судење беше одложено објви Нова.

Обвинителката Наташа Гоџоска денеска не се појави на рочиштето, само телефонски го известила судијата Марин Станевски дека нема да го застапува обвинението.

За несовесно работење во службата обвинети се 12 лица – доктори и членови на првостепенета и второстепенета комисија кои го донеле и потврдиле негативното решение за лекување во странство на Тамара. Обвинети се и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗО.

Треба да знаете
Последни објави