Search

Глас за Македонија: Дрско е учесниците во дебаклот со ЕУ да распишуваат избори

Преодна, а не Пржинска влада треба да ги организира предвремените избори, велат од партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, од каде додаваат дека после хаваријата која се случи со недобивањето на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, дрско е учесниците во истата да распишат предвремени парламентарни избори.

„Нивната целокупна игра е пропадната: на власта и на ‘конструктивната’ опозиција. И сега, како ништо да не се случило, истите тие ќе организираат ‘фер’ избори за да продолжат со погубните политики и политиките на ‘ќорсокак’. Не е можнo“, се навадува во соопштението на политичката партија.

Од партијата на Грчева имаат три клучни барањa пред распишувањето на сега веќе закажаните предвремени парламентарни избори:

„Итно поништување на штетните договори, кои дури не ја постигнаа ниту целта со која граѓаните беа манипулирани. Промена на изборното законодавство, во насока на отворање на плуралниот простор и давање на фер шанса и за други партии. Експертска, преодна влада во која нема да има функционери од ниту една политичка партија, бидејќи овие два блока не можат да организираат фер избори“, истакнуваат од „Глас за Македонија“ во врска со своите барања.

Од таму нагласуваат дека само на ваков начин ќе случат вистински промени во политичкиот систем, а во спротивно, ќе има досега најмала излезност и влада со спорен легитимитет.

Треба да знаете
Последни објави