Search

По Скопје, Кил со цел плен и од Монпеље

Кил останува единствениот непоразен тим во групата Б во која се наоѓа и Вардар. По убедливиот триумф во Скопје, буденс-лигашот го освои и Монпеље, славеше со 30-33 (16-17) за четврта победа и зацврстување на врвот на табелата.

Ракометарите на Кил не дојдоа лесно до двата бода, францускиот тим беше рамноправен противник, но во последните десет минути не успеја да го задржи темпото и водството од од два до три гола. По 26-27 во 52. минута, гостите со два гола во низа дојдоа до покомотни 26-29.

На останатите средби Келце се врати на победите по поразите од Монпеље и Порто, на гостувањето кај Мешков Брест без Игор Карачиќ во составот беше подобар со 27-31.  Претходно Порто и Мотор одиграа без победник (35-35).

Треба да знаете
Последни објави