Search

ВМРО-ДПМНЕ: Многу порано Заев требаше да распише предвремени избори

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

„Погрешните политики на Зоран Заев ја доведоа Република Македонија во погрешна насока.

Многу порано Зоран Заев требаше да распише предвремени парламентарни избори доколку приоритет му беше Македонија и граѓаните, а не личното богатење.

Добро е што го призна поразот и и што на регуларни и демократски избори ќе се стави крај на неговото криминално владеење. Казната од народот ќе биде испорачана. Крајот на Зоран Заев се повеќе се ближи.

Обнова на Република Македонија ќе започне со заминувањето на Зоран Заев во политичка пензија.“

Треба да знаете
Последни објави