Search

Избрани добитниците на наградата 13 Ноември на Град Скопје за 2019 година

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател  Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година се:

Од областа на науката

  Проф. д-р  ХРИСТИНА СПАСЕВСКА

 

        Професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии

       „Универзитет Свети Кирил и Методиј“- Скопје

 

           -за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа

           Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Од областа на хуманитарната активност

 д-р ЖИКИЦА ЃОРЃИЕВСКИ

Д-р стоматолог

 

     –за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик

 

Од областа на културата

 

д-р ДИТА СТАРОВА ЌЕРИМИ

 

    Директор на Националната галерија

 

  -за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје

 

Од областа на уметноста

 

ФРОСИНА ЗАФИРОВСКА

 

Кустос советник во пензија

 

-за  значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

 

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА

 

  Диригент

 

-за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност

 

Од областа на публицистиката

 

  1. ЕРИНА БОГОЕВА

 Фотограф

 

-за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

 

  1. АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ

Музички педагог, истражувач и публицист

 

-за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со   објавувањето на книгата Музиката во македонскиот игран филм од Фросина  до Лазар

 

 

 Од областа на спортот

 

  1. КАРАТЕ КЛУБ РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ

     Правно лице

 

-за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план

 

  1. 2. АЛИЛИ БЕСИР

     Спортист-борење

 

    -за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети

 

Ученици и студенти

 

  1. АНА МАРИЈА АТАНАСОВСКА

 

Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

 

    -за постигнати резултати во воннаставни активности

 

  1. СТЕФАН СТОЈКОВИЌ

    

Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

 

  -за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот

 

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави