Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ

Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година. Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и ЕЦБ.

Европската централна банка ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута. Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има еден осумгодишен мандат.

Треба да знаете
Последни објави