Тој е тотално вљубен во Зорана Јовановиќ, која е позната српска „блогерка“ или нешто поблаг збор за старлета. Српските медиуми велат дека Врањеш и Зорана неколку дена минале во Атина, каде тој игра за тимот на АЕК.
https://www.instagram.com/p/B3miTV9AnkS/
Врањеш не беше повикан во босанската репрезентација за дуелот токму со Грција во квалификациите за Европското првенство, па имал повеќе време да ја прошета својата нова девојка низ скапите ресторани и дискотеки во Атина.
Она што е најчудно е што Зорана порано била во врска со соиграч на Врањеш од босанската репрезентација, Данијел Миличевиќ. Сепак, тоа не му смета ниту на Врањеш, ниту пак на Зорана.