Search

УЈП со кривични за Меѓународен сојуз на Боки13, „Томато продукција“ и „1ТВ“

Против Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки13, „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“,  и против сопственичката на фирмата „БМЈ груп“, ќе бидат поднесени кривични пријави, велат во УЈП. Управата за јавни приходи (УЈП) ги товари за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари.

Инспектори на УЈП го посетиле Јовановски во затворот во Шутка. Вчера му ги донеле записниците од контролата во неговата невладина Меѓународен Сојуз, но тој одбил да ги прими со образложение дека си дал неотповиклива оставка од претседателското место. А во нив се откриени затајувања на даноци на парите кои се исплаќале за наводните комплекси за возрасни лица.

Телевизијата беше сместена во објект на Томато продукција па инспекторите го преиспитувале и нејзиното работење. Не откриле проблем во изнајмувањето на просторот и опремата што месечно чинела 4 илјади евра, но откриле нерегуларности со изградбата на објектот уште во 2009 та година и нејзиното префрлање на име на сопругата на сопственикот на продукцијата.

Неправилности има и во работењето на „1ТВ“ но тука нема основ за кривична пријава, информираат  од УЈП. Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот „Рекет“, поднел неотповиклива оставка од Меѓународниот сојуз, откако станал првоосмничен во случајот „Рекет“.

Треба да знаете
Последни објави