Search

Париски регион- двајца полицајци осомничени за радикализација разоружани по убиствата во префектурата

 – Двајца полицајци осомничени за радикализација беа разоружани оваа недела во Ил-де-Франс (регионот околу Париз). Тие биле на служба во Париз и Вилнев-ла-Гарен (От-де-Сен), јавува дописникот на МИА.

Овие мерки беа преземени како претпазливост. Двајцата службеници сега ќе бидат предмет на административна истрага од страна на Генералниот инспекторат на Националната полиција (ИГПН).

Полицаецот стациониран во Вилнев-ла-Гарен беше разрешен во 2018 година, најмногу заради сомневања за радикализација. Тој ја оспори оваа санкција и доби пресуда во управниот суд, кој го поништи отказот. Тој беше во можност да се врати во полицијата во 2019 година.

Во една белешката од 7 октомври, до која Франс Инфо имал пристап,  префектот на полицијата во Париз, Дидиер Лалемент, ги замолил своите соработници „веднаш и директно да ја известуваат”нивната хиерархија за „какво било откривање на знаци на можна радикализација на агентите “. Оваа белешка е напишана по нападот на префектурата во Париз, за ​​време на кој агент задолжен за одржување на информатиката во префектурата, Микаел Харпон, уби четворица свои колеги во четвртокот, 3 октомври.

Треба да знаете
Последни објави