Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес ќе ја посети Атина и во попладневните часови ќе се сретне со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.
Средбата со Павлопулос е закажана за 17, а со Мицотакис во 19 часот по локално време, по што ќе се одржи и прес конференција.
Столтенберг во Атина ќе пристигне од Италија, а од Грција ќе замине на средби во Истанбул.