Search

Маскирани лица нападнале ТВ станици во Багдад

Група маскирани лица синоќа нападнале канцеларии на неколку телевизиски станици во Багдад, каде вчера во протестите загинаа 14 лица. Според телевизијата Ал-Арабија, маскирани напаѓачи во црна облека синоќа дошле со црни автомобили, упаднале во телевизијата, претепале дел од вработените, искршиле опрема и заминале.

Дописникот на телевизијата во Багдад, Маџид Хамид изјави дека неколку негови колеги се повредени. Според него, телевизијата веќе неколку дена добивала закани.

Светските агенции, повикувајќи се на вработени,  јавуваат дека биле нападнати и канцелариите на ирачките приватни канали „Даџла” и „НРТ”.

Треба да знаете
Последни објави