Search

Компјутерскиот гигант ,,HP” затвора до девет илјади работни места

Американскиот производител на компјутери Хјулит Пакард (HP) најави затворање на седум до девет илјади работни места за намалување на трошоците како дел од реорганизацијата на работата.

Со планираните намалувања на работните места, бројот на работници на HP во светот би можел да се намали за околу 16 проценти. Компанијата се очекува да заштеди околу 1 милијарда долари со намалувањето на персоналот и други мерки за намалување на трошоците.

Менаџментот очекува дека реструктуирањето ќе ги чини скапо на краток рок, предвидувајќи до крајот на фискалната 2022 година, милијарди долари за трошоци поврзани со пренасочување на бизнисот.

HP лани пријави 55.000 вработени. Во последниве години, тие постојано го намалуваа бројот на вработените. Во средината на минатата година, компанијата објави дека треба да отпушти околу 4,5 илјади до пет илјади вработени до крајот на годината.

Во план се и промени на менаџерските позиции, па така Дион Вајслер на 1 ноемри треба да му ја предаде должноста на извршен директор на долгогодишниот менаџер на HP, Енрике Лорес. Компанијата има проблеми поради падот на пазарот на персонални компјутери.По поделбата на поранешниот технолошки гигант Хјулит-Пакард во 2015 година, HP го презеде бизнисот со хардвер.

Треба да знаете
Последни објави