Search

TВ21: Има живот и по ракот на дојка- Филипче вети набавка на мамографи

Пред 11 години, Николинка е оперирана од рак на дојка. Но, таа не се предава, има мотив за живот и ги повикува сите кои се борат со оваа болест да не се плашат туку да се борат бидејќи, како што вели, има живот и по канцерот.

Ракот на дојка бележи раст не само во Северна Македонија туку во цел свет, информираат од здружението Борка. Пациентите и натаму чекаат до два месеца за мамографија.

Кампањата ја поддржа и министерот за здравство, Венко Филипче кој пред неколку месеци најави  набавка на 8 мамографи

“Напред розово“ е почеток на кампањата со која се обележува светскиот месец на борба против ракот на дојка со што и нашата земја веќе 11 години по ред е дел од светското семејство во борбата против оваа болест.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс рече дека целта на оваа кампања е подигање на свеста за оваа болест како и информирање на граѓаните дека редовните контроли кои се превентива против ракот на дојка.

Лекарите советуваат дека може да се намали опасноста од смртност од ракот на дојка со самоконтрола еднаш месечно како и мамографски преглед на секои две години. Северна Македонија нема национален регистер за бројот на пациенти со малигни болести или за тоа колку од овие случаи завршуваат фатално.

Целиот линк погледнете го тука: https://tv21.tv/mk/ima-zhivot-i-po-rakot-na-dojka-filipche-veti-nabavka-na-mamografi/

Треба да знаете
Последни објави