Search

Демократскиот сојуз на Косово во водство по преброените 35 проценти од гласовите

Според Централната изборна комисија на Косово, врз основа на 35 проценти од преброените гласачки ливчиња, Демократскиот сојуз на Косово доби најмногу гласови – 64.521 глас. На интернет страницата на ЦИК на второ место е Самоопределување со 59.492 гласови, додека трета е Демократската партија на Косово со 57.717 гласови.

Коалицијата Алијанса за иднината на Косово и Социјалдемократската партија на Косово имаат 33.225 гласови. Српска листа добила 13.994 гласови, додека останатите партии заедно добиле 25.224 гласови.

Четвртите избори од прогласувањето на независноста во 2008 година беа свикани откако Харадинај поднесе оставка бидејќи беше повикан во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг за да се испита неговата улога во војната во 1998-99 година. Кој и да победи на изборите ќе мора да работи на подобрувањето на односите со Србија, доколку Приштина сака да обезбеди место во Обединети нации.

Постои можност Косово за првпат да добие и премиерка, имајќи предвид дека лидер на националистичката партија Самоопределување е 37-годишната Вјоса Османи.

Треба да знаете
Последни објави