Search

Брегалница во Пехчево подобра од Победа

По двата едноподруго натпревари без триумф, Брегалница на најдобар можен начин се врати на победите со убедлива победа од 3-0 (1-0) против прилепска Победа. На натпреварот кој поради реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион во Штип се играше во Пехчево, „сините” доминираа низ текот на сите 90 минути за сосема заслужено освоени три бода.

По почетната иницијатива Брегалница до предност дојде во 21. минута кога на одличен начин со глава од десеттина метри, Ристе Наумов, мајсторски топката ја смести во противничката мрежа откако Филип Миленковски одлично центрираше.
Второто полувреме почна повторно со агресивна офанзивна игра на фудбалерите на Брегалница, по што веднаш следеше одличен погодок на Марио Наумоски, кој со прекрасен шут од 16 метри во 50. минута зголеми на 2-0. Во 59. минута веќе Стојанче Велинов прецизно стрелаше од белата точка за конечни 3:0 во Пехчево.
Кратко по натпреварот, од таборот на ,,сините”, изразија задоволство од трите освоени бода.
-Најважно е што им се враќаме на победите и тоа на теренот во Пехчево, каде минатата недела ремизиравме со домаќините. Се надеваме дека ќе продолжиме со ист стил со што ќе ги задржиме шансите за првата позиција, истакнаа од стручниот штаб на штипјани.
Со оваа победа штипјани се враќаат на третата позиција на табелата со 11 освоени бодови. Во следното коло Брегалница игра на гости против екипата на Беласица во Струмица.
Треба да знаете
Последни објави