Search

Кумановец плаќал со фалсификувани банкноти од по 1000 денари

На 3 октомври 2019 во СВР Куманово, било пријавено дека лицето М.И.(19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари. Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143″ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти (10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари). М.И. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави