Search

Џио Струмица не успеа да се избори за пласман во ЦЕВ Челинџ купот

Актуелниот македонски шампион и освојувач на купот, екипата на Џио Струмица, не успеа да обезбеди пласман во ЦЕВ Челинџ купот на Балканскиот клупски одбојкарски куп што заврши вечерва во салата „Парк” во Струмица.

Во одлучувачкиот натпревар против екипата на Токат Беледие од Турција македонскиот претставник доживеа убедлив пораз од 3:0, по сетови 25:11,25:15 и 25:20.

Првото место и пласман во натамошните натпревари обезбеди екипата на Токат Беледие од Турција, второто место го освоија одбојкарите на Џио Струмица, а третото место и припадна на екипата на Приштина Волеј од Косово.

Треба да знаете
Последни објави