Search

Почина старец од Виница, го прегазил сограѓанин

На 02.10.2019 во 10.20 часот на локалниот пат с.Јакимово-Виница, на влезот на просторот за паркирање на возила, патничко возило „шкода октавија“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(29) од с.Лаки, виничко, удрило во пешакот М.Ј.(82) од с.Грлјани, виничко. Во незгодата М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар Штип, каде околу 18.50 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Виница. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави