Search

Во Скопје за еден ден 39 возила се подигнати „пајак”

Во текот на 02.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 10 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи, од кои: девет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се: еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 41 мандатен платен налог и 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави