Search

Србија нов европски шампион во одбојка

Одбојкарите на Србија се нови шампиони на Европа откако во финалето во Париз со 3:1 во сетови ја победија Словенија за трета континенталната круна. На тој начин машката селекција им се придружи на сонародничките кои неодамна ја одбранија европската титула.Интересно е тоа што ова е вторпат во историјата и одбојкарите и одбојкарките на Србија да бидат европски шампиони. Тоа претходно се случи пред осум години.

Денешното финале одлично почна за Словенија, тие го добија првиот сет со 25:19, но потоа им се случи вистински дебакл. Се чини дека Словенците им недостигаше поддршката од 12.000 публика во Љубљана, каде се играа дел од натпреварите од ЕП.
Наредните три сета ги доби селекцијата на Србија, а Словенија на ниту еден од нив не ја премина границата од 20 поени, 25:16, 25:18 и 25:19.
Малкумина ја ставаа Србија во главните фаворити за златниот медал, но тие со девет победи од девет натпревари дојдоа до првото место.
Треба да знаете
Последни објави